Доживотен затвор за тројца проруски сепартисти за соборувањето на малезискиот авион во 2014 година над Украина

Од:

Окружниот суд во холандскиот град Хаг денеска на казна доживотен затвор осуди тројца осомничени проруски сепаратисти, на кои им се судеше во отсуство за нивната улога во соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ на летот MH17 над Украина во 2014 година, јави ДПА.

На двајца поранешни разузнавачи, Игор Гиркин и Сергеј Дубински, како и на водачот на проруските сили во Украина, Леонид Карченко, им е наложено да платат најмалку 16 милиони евра отштета за роднините на жртвите, јавија британските меидуми.

Сите осудени се во бегство, а се верува дека се во Русија, која нема да ги екстрадира, наведуваат британските медиуми.

Четвртиот осомничен, Олег Пулатов, е ослободен.

Окружниот суд претходно денеска пресуди дека авионот на на „Малезија ерлајнс’, на летот МХ17, бил соборен над источна Украина со проектил лансиран од противвоздушниот систем „Бук“, од поле во близина на Первомајск, во регионот Доњецк, соопшти судијата Хендрик Стенхуис.

Судот соопшти дека Русија имала целосна контрола врз проруските сили во областа во моментот кога бил соборен авионот.

Пресудата се изрекува по повеќе од осум години откако авионот „Боинг 777“, што летал од Амстердам за Куала Лумпур, на 17 јули 2014 година беше соборен, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски

Кремљ: Не бевме вклучени во соборувањето на MH17 во источна Украина во 2014 година

Ана Ололовска

Истрагата за соборувањето на MH17 беше прекината и покрај индициите за вмешаност на Путин

Во свлечиште загинаа 16 лица, повеќе од 17 се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Москва не ги дава осудените нејзини државјани кои се виновни за соборувањето на малезискиот авион

Горан Наумовски