Договор на ЕУ за давање „привремена заштита“ на бегалците од Украина

Од:

Европските министри за внатрешни работи, на состанокот денеска во Брисел, се согласија да им дадат „привремена заштита во ЕУ на бегалците кои бегаат од војната во Украина“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, оваа одлука ја објавија францускиот министер Жералд Дарманин и еврокомесарот Илва Јохансон.

Тие не прецизираа дали мерката ќе важи и за бегалците кои бегаат од Украина, но немаат украинско државјанство, прашање што ги дели некои од земјите-членки – Полска, Словачка, Унгарија и Австрија, кои се спротивставија на ова.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина