Добри резултати на шпанската терапевтска вакцина против ХИВ-вирусот

Од:

Тим од шпански истражувачи за време на седумгодишната работа разви терапевтска вакцина, која привремено може во најголема мерка да го намали присуството на ХИВ-вирусот во организмот на заболените пациенти.

Вакцината е тестирана на 22 заболени лица, при што се покажала целосно безбедна.

– Она што го направивме е на имуниот систем да му дадеме инструкции да научи да го уништува ХИВ-вирусот, што тој природно не би го направил, објаснува Фелипе Гарсија, еден од учесниците во истражувањето на Универзитетската болница во Барселона.

По дванаесет недели, кај 12 од 22 пациенти кои ја примиле оваа вакцина, присуството на ХИВ-вирусот во организмот било намалено за дури 90 отсто.

По 24-та недела, дејството на примената вакцина почнало да се намалува, а првичниот резултат се задржал само кај седум од испитаниците. По една година вакцината целосно ја загубила ефикасноста, па сите пациенти морале да се вратат на претходната антиретровирална терапија.

Вакцината им овозможила на пациентите привремено да живеат без секојдневната употреба на бројни лекови, кои, освен што се многу скапи, можат да имаат и несакани ефекти врз организмот.

Би можело да ве интересира

Заразата се шири: Смртоносниот вирус веќе стигна во Европа

Горан Наумовски

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор