До пладне во Пакистан гласале 30 отсто од избирачите

Од:

На општите избори во Пакистан, кои се одржуваат денеска во сенка на нападите, во кои според најновиот биланс загинале 17 лица, до попладнево гласале 30 отсто од избирачите.

Изборната комисијата соопшти дека се очекува до затворањето на избирачките места, во 17 часот по локално време, а во 14 часот по средноевропско, да гласаат 60 отсто од вкупно 86 милиони регистрирани избирачи.

Излезноста е навистина охрабрувачка, изјави портпаролот на Комисијата, Куршид Алам.

Вкупната излезност на претходните избори во 2008 година изнесуваше 44 проценти.

Во меѓувреме билансот на загинатите во нападите, кои почнаа изутрината веднаш по отварањетона избирачктие места во осум часот по локално време, се зголеми на 17 лица.

Најпрво беше извршен бомбашки напад на канцеларијата на националното движење Авами, во Карачи, во кој загинаа 11 лица, а околу 40 се повредени.

Две лица се повредени во трикратната експлозија, која потоа следеше во истиот град, а медиумите јавуваат и за пукотници на неколку локации.

Четири лица загинаа во пукотниците во Балуџистан, додека најмалку две лица се убиени кога напаѓач на мотор отворил оган во близина на едно избирачко место во оваа провинција.
Талибанците во пресрет на изборите повеќе пати се заканија дека на денот на гласањето ќе извршат напади ширум земјата.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран