Џорџо Наполитано: Пресудата против Силвио Берлускони ќе остане во сила

Од:

Претседателот на Италија, Џорџо Наполитано, денеска изјави дека пресудата против Силвио Берлускони ќе остане во сила и ја предупреди неговата партија да не се обидува да ја собори владата заради овој повод, пренесоа британските медиуми.

Изјавата на Наполитано дека законот треба да се почитува ги прекина надежите на партијата на Берлускони „Народ на слободата“ дека шефот на државата ќе најде начин поранешниот премиер да остане лидер на десноцентристите и покрај неговата пресуда за лишување од слобода заради даночни измами.

Од партијата соопштија дека ограничувањето на политичката активност на Берлускони ќе ги ограби оние 10 милиони луѓе, кои гласаа за него на демократските избори во февруари.

Неколкумина видни членови на „Народ на слободата“ го повикаа Наполитано да најде излез. Секоја конечна пресуда и задолжителната нејзина примена не може да бидат пренебрегнати, се наведува во изјавата на Џорџ Наполитано.

Освен тоа, шефот на државата предупредува да не се предизвикува „фатална“ криза во кревката влада на Енрико Лета за време на најтешката повоена рецесија во земјата.

Претходно овој месец највисоката судска инстанца во Италија ја потврди казната од четири години затвор, што преку амнестија се сведе на една година, против Силвио Берлускони за големи даночни измами во неговата медиумска компанија „Медиасет“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ