Џон Кери доби поддршка од арапски земји за напорите за мир на Блискиот Исток

Од:

Државниот секретар на САД Џон Кери денеска доби поддршка од Арапската лига за напорите за обновување на израелско палестинските мировни преговори, јави БТА.

Кери, кој е во шеста посета на Блискиот Исток во изминатата половина година, се сретна во Јордан со претставници на Арапската лига и на девет од државите, кои членуваат во организацијата, поддржувајќи го планот за израелско-палестински мир, предложен од Саудиска Арабија.

Кери го повика Израел да ја разгледа внимателно мировната иницијатива на Арапската лига од 2002 година, која во минатото ја отфрлуваше.

– Израел треба внимателно да ја разгледа иницијативата, која му ветува на Израел мир со 22 арапски земји и 35 муслимански земји – вкупно 57 земји кои ја очекуваат можноста да склучат мир со Израел, рече Кери.

Тој изрази уверување дека е на пат да постигне обновување на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците и одново изрази надеж дека двете страни ќе седнат на преговарачка маса.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува