Џими Севил 60 години злоставувал деца

Од:

Поранешниот британски водител Џими Севил злоставувал стотици деца во текот на шест децении, извршил 126 напади, вклучувајќи 34 силувања, а неговата најмлада жртва имала само осум години, се наведува во денеска објавениот извештај на полицијата. Некогаш најголемата ѕвезда на Би-би-си злоставувал главно жени, кои во над 70 отсто од случаите биле малолетни, и тоа во просториите на британската медиумска куќа и во болниците во кои се занимавал со хуманитарна работа.

Севил првиот напад го извршил во 1955 година во северниот англиски град Манчестер, а последниот во 2009 година, се наведува во извештајот, што е резултат на тримесечната истрага на британската полиција. Сега е јасно дека Севил од сите се криел и го користел својот статус на славна личност и хуманитарна работа за да има неконтролиран пристап на загрозените лица во текот на шест децении, се наведува во извештајот.

Севил, кој почина во 2011 година, беше исклучително популарен во 70-те и 80-те години како водител на музичката емисија „Топ оф д попс“ и детската програма „Џими ќе го поправи тоа“, а поради хуманитарната работа кралицата Елизабета Втора го прогласи за витез. Случајот на Севил предизвика голема криза во угледната британска медиумска куќа и доведе до оставка на нејзиниот генерален директор.

Би можело да ве интересира

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Во случајот со водителот на Би-Би-Си нема кривично дело, тврди лондонската полиција

Скандал во Би-Би-Си: Познат водител е манијак, го криеле неговото име додека не проговори неговата сопруга

Би-би-си го повлече Гери Линекер од програма поради твит против владата

Би-Би-Си за несреќата кај Киев: Летањето на мала височина помага да се избегнат ракети, но носи ризици и е исклучително стресно за пилотите

А1он

Би-Би-Си го осуди апсењето на својот новинар, кој известуваше за демонстрациите во Шангај

А1он