Џејкоб Зума ги обвини западните компании за „колонијалистичко однесување“ во Африка

Од:

Претседателот на Јужна Африка, Џејкоб Зума ги обвини западните компании за „колонијалистичко однесување“ кон земјите од Африка.

Во интервју за лондонски „Фајненшл Тајмс“, Зума предупредува дека компаниите од Западот ќе мора да го променат својот сегашен „колонијален однос“ кон африканскиот континент или ризикуваат да ги загубат контактите со него, а место нив се повеќе бизниси да преземаат Кина и другите економии со забрзан раст.

Изјавата на претседателот Зума доаѓа пред годинешниот Самит на Г-20 на кои покрај најмоќните глобални економии, учествуваат и земјите со забрзна економски раст, како Кина, Индија, Русија, Бразил и Јужна Африка.

Кина веќе подолго време е присутна во Африка како инвеститор во рударството, машинската индустрија и во големите инфраструктурни проекти, но и како кредитор на дел од африканските земји. Во исто време, се повеќе западни компании заминуваат од Јужна Африка.

Меѓутоа, некои африкански земји, пред се Замбија, не се целосно задоволни од кинеските бизнисмени, а посебно од нивниот однос кон локалните работници. Властите во оваа источноафриканска земја ја обвинија Кина за „експлотаторски однос“ кон Замбијците кои работат во тамошните рудници за бакар со кои управуваат кинески комапнии.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска