Џафари: Околу 1.500 пакистански талибанци деновиве од Турција преминале во Сирија

Од:

Околу 1.500 пакистански талибанци последниве неколку дена преминале од Турција на територијата на Сирија, изјави постојаниот претставник на Дамаск во ОН, Башар Џафари,

– Сирија и натаму се судрува со досега незабележан прилив на вооружени екстремисти, кои упаѓаат во земјата со помош на Катар, Саудиска Арабија и Турција, рече Џафари.

Како што јави ИТАР-ТАСС, тој посочи дека на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и на претседателот на Советот за безбедност досега им испратил 413 писма, во кои пишува за навегувањето на странски борци на сириска територија.

Џафари, меѓутоа, истакна дека ОН на проблемот се уште не му посветиле доволно внимание.

– Од турската, саудиската и катарската влада треба да се побара да престанат да испраќаат терористи во Сирија, подвлече Џафари.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град