Директорот на филипински затвор обвинет дека наредил убиство на новинар

Од:

Филипинските власти денеска го обвинија директорот на еден од затворите во земјата дека наредил убиство на познат радио новинар.

Персивал Мабаса (63) беше убиен на 3 октомври на пат до радио-студио во предградие на Манила.

Директорот на затворската управа, Џералд Бантаг, наводно го наредил убиството на новинарот затоа што во својата емисија „изнел проблеми поврзани со него“.

Осомничениот вооружен напаѓач Џоел Ескоријал им се предаде на властите минатиот месец плашејќи се за својата безбедност, откако полицијата ја објави неговата фотографија пренесена од видео снимка, изјавија официјални лица.

Персивал Мабаса, познат под името Перси Лапид, отворено го критикуваше поранешниот претседател Родриго Дутерте, како и политиката на владата на неговиот наследник Фердинанд Маркос Јуниор.

Филипините се една од најопасните области за новинарите во светот, повеќето од сторителите на убиствата никогаш не се осудени.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он