Екстремни горештини на Филипините

Од:

Филипините деновиве горат на екстремни горештини, поради што илјадници училишта ја откажаа наставата, а надлежните служби ги предупредуваат граѓаните што помалку да останат надвор.

Март, април и мај вообичаено се најтоплите и најсушните месеци во земјата, но условите годинава беа влошени поради временскиот феномен Ел Нино.

„Толку е жешко што не можете да дишете“, вели 60-годишниот Ерлин Тумарон, кој работи во приморско одморалиште во провинцијата Кавит, јужно од Манила, каде што индексот на топлина достигна 47 степени Целзиусови во вторникот.

Индексот на топлина денеска се очекува да достигне „опасни“ нивоа од 42 степени или повеќе во најмалку 30 градови и населени места, предупреди Националната метеоролошка служба.

Индексот на топлина мери како се чувствува температурата земајќи ја предвид влажноста во воздухот.

Министерството за образование, кое управува со повеќе од 47.600 училишта во земјата, соопшти дека речиси 6.700 училишта ја прекинале наставата. Веројатноста е 50 отсто горештините да бидат уште полоши во наредните денови, изјави метеорологот Ана Солис.

„Мораме да го ограничиме времето што го поминуваме надвор, да пиеме многу вода, да носиме чадори и капи“, изјави Солис за АФП.

Тој тврди дека Ел Нино е причината за „екстремните горештини“ кои зафатија делови од земјата. Околу половина од провинциите во земјата официјално се во суша.

Би можело да ве интересира

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ги погоди Филипините

Ана Ололовска