Диаб побара итно формирање на влада во Либан

Од:

Преодниот премиер на Либан, Хасан Диаб се закани дека ќе престане да ја извршува премиерската функција, со цел да изврши притисок врз политичарите да формираат нова влада, при тоа тој предупреди на катастрофалната економска состојба во земјата.

– Ако моето повлекување помогне во формирањето на влада, подготвен сум да се повлечам, иако тоа е спротивно на моите уверувања, бидејќи и штети на државата и на Либанците, посочи Диаб во вчерашното телевизиско обраќање.

Тој состојбата во либанската економија ја илустрира со неодамнешниот инцидент во супермаркет во Бејрут, каде имаше физичка пресметка за млеко во прав.

– Дали кавгата за млеко во прав претставува доволен поттик за надминување на формалностите и несогласувањата за да се формира влада, запраша Диаб.

Владата на Либан поднесе оставка по катастрофалната експлозија, што се случи на 4 август минатата година, и го разурна централниот дел на Бејрут.

Сад ал Харири е именуван за мандатар во октомври, но не е формирана влада поради застој во преговорите помеѓу него и либанскиот претседател Мишел Аун.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан