Дезмонд Туту бара да не се валка името на Нелсон Мандела

Од:

Угледниот јужноафрикански верски лидер, надбискупот Дезмонд Туту, остро ги прекори членовите на семејството на Нелсон Мандела, околу нивната расправија за повторниот погреб на трите неговите починати деца.

– Престанете да се расправате и да го валкате името на Мандела со вашите кавги, јавно им порача Туту на роднините на поранешниот јужноафрикански претседател, кои веќе десетина дена се расправаат прекумедиумите.

Мандела има вкупно шест деца од двата свои брака. Четири со првата сопруга Евилин Мејз и две од вториот брак со Вини Мандела. Три од децета од првиот брак се починати пред повеќе години, додека другите три се веќе возрасни луѓе.

Мандела, првиот црнечки претседател на Јужноафриканската република, кој 27 години помина во затвор поради спротивставувањето на политиката на апартхејдот, од 8 јуни се наоѓа на одделението за интензиван нега во болницата во Преторија, каде беше примен со тешка инфекција на белите дробови.

Неговата здравствена состојба уште повеќе се влоши пред крајот на минатиот месец, кога лекарите ја опошаа како критична, но стабилна.

Вчера беше објавено дека Мандела, кој наскоро треба да наполни 95 години, е на апарати за одржување во живот, а некои локални весници тврдеа дека лекарите им советувале на членовите на семејството Мандела да се согласат со исклучување на апаратите.

Кабинетот на актуелниот претседател Џејкоб Зума денеска ги демантираше ваквите твдрења, нагласувајќи дека Мандела не е во „вегетирачка состојба“.

Лекарите на болницата го потврдија соопштението на кабинетот на Зума, а сегашната партнерка на Мандела, Граса Машел изјави дека тој понекогаш не се чувствува добро, но дека не страда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија