Девојчето кое беше рането од талибанците е пуштено од болница

Од:

Пакистанското девојче Малала Јусуфзаи, кому талибанците му пукаа во глава бидејќи се залага за образивание на девојчиња, пуштено е од болницата „Кралица Елизабета“ во Бирмингем, соопштија денеска претставници на болницата.

Малала Јусуфзаи (15) се наоѓа во бирмингемската болница од октомври, кога е ранета во главата додека влегувала во училишниот автобус во долината Сват во Пакистан.

Девојчето рехабилитацијата ќе ја продолжи во домот, кој во моментот е во Вест Мидландс, каде е сместено нејзиното семејство, пред повторно да биде подложена на нова операција на черепот во почетокот на февруари.

Лекарите се оптимисти дека Јусуфзаи има добра шанса да оздраве бидејќи мозокот на тинејџерите и натаму расте и може подобро да се адаптира на траума.

Талибанците изјавија дека пукале во Малала, активистка за правото на девојчињата на образование, бидејќи пропагирала секуларизам.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран