Деветнаесет жртви во бомбашки напд во Пакистан

Од:

Два автобуса со шиитски верници беа уништени од експлозии во округот Мастунг во југозападната пакистанска провинција Белуџистан. Убиени се најмалку 19 луѓе и 25 се ранети, јави ДПА.

Двата автобуса се целосно уништени, и можно е бројот на жртви да биде повисок, јавуваат западни медиуми.

Според полициски извори, експлозивна направа најверојатно била поставена на мотор и  активирана со далечински управувач.

Автобусите се враќале со верници од соседен Иран каде шиитите се мнозинство и каде се голем број верски места на шиитите. Меѓу повредените се и двајца полицајци и дел од обезбедувањето на автобусите кои патувале со полициска придружба.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран