Десетмина војници од бригадата за брза реакција се водат како исчезнати откако во камеруснките територијални води се преврте брод на камерунската војска, наведе анонимен претставник на силите за безбедност.
Се уште не е објавено официјално соопштение за случајот.
Елитната бригада е првата линија во борбата против нигериската исламска група Боко Харам, што е активна во северниот дел на Камерун.
Во тек е спасувачка операција.
Досега од водата е извадено едно тело, наведе друг анонимен извор.