Десетици лица се убиени и ранети во судирите во Пакистан

Од:

Десетици лица загинаа и се ранети во дводнените судири меѓу пакистанските воени сили и бунтовниците во племенската област Хибер.

Пакистанските сили за безбедност соопштија дека разбиле оваа недела над 12 засолништа на вооружени бунтовници во Хибер и убиле 23 борци.

Вооружените групации „Лакшар и ислам“ и „Техрик и Талибан Пакистан“ нападнале села во регионот на Тирах и убивале локални жители, кои се обиделе да им се спротивстават, изјави претставник на владините сили.

Тирах претставува лавиринт од долини, кои водат од Авганистан кон пакистанскиот град Пешавар. Од 2009 година пакистанската армија и провладините милиции ги протераа талибанците од таа територија.

Според извори од племенските заедници во регионот 43 лица, од кои 20 припадници на провладината милиција „Ансар и ислам“ се убиени и над 24 се ранети за време на дводневните тешки борби во Тирах.

Пакистанската Влада тврди дека повлекувањето на силите на НАТО од Авганистан кон крајот на 2014 година може да ги зајакне силите на талибанците во Пакистан. Пакистанските и авганистанските талибанци се посебни групации, но имаат тесна соработка.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран