Десетици илјади луѓе протестираа против власта во Малезија

Од:

Десетици илјади демонстранти против владата се собраа денеска во малезиската престолнина Куала Лумпур, барајќи реформи пред парламентарните избори, што се очекува да се оддржат во првата половина на годината.

Над 45.000 Малезијци се вклучија во големиот протестен митинг, пред изборите што ќе се оддржат по неколку месеци, информираа американските медиуми.

Полицијата ги затвори клучните патишта во центарот на Куала Лумпур, дозволувајќи им на демонстрантите мирно да се доближат до блискиот стадион за митингот на трипартискиот сојуз на опозицискиот лидер Анвар Ибрахим.

Според полицијата, цитирана од ДПА, на стадионот имало околу 80.000 лица, а уште илјадници имало по блиските улици, а протестот сепак бил мирен.

Во протестот се вклучија и граѓански здруженија со повик за изборни реформи, подобрување на образовниот систем и човековите права.

Мандатот на сегашната влада завршува во април и најдоцна до јуни треба да се закажат избори.

Со протестот најмногу се инсистира на поголема транспарентност на изборите, кои се оценуваат како тест за владеачката коалиција на премиерот Наџиб Разак.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски