Десетици млади лица егзекутирани со куршум во главата, беа откриени во кварт контролиран од бунтовниците во северниот сириски град Алепо, соопшти Сирискиот центар за човекови права.
Засега труповите не се идентификувани. Станува збор за мажи на возраст од околу 20 години. Повеќето се ликвидирани со врзани раце, облечени во воена униформа или како цивили. Извор од силите на бунтовниците наведува дека се пронајдени 68 трупови.