Ден на жалост утре во Косово за жртвите од земјотресот во Албанија

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи го прогласи утрешниот ден, среда, 27 ноември, за ден на жалост во земјата во чест на жртвите на земјотресот што во денешните утрински часови се случи во Албанија.

– Во знак на државна и граѓанска почит, среда, 27 ноември ноември 2019, се прогласува за ден на жалост во Република Косово, по земјотресот во Албанија, кој остави десетици загинати и многу повредени, се вели во објавата од кабинетот на Тачи.

Државното знаме на Република Косово утре ќе биде истакнато на половина копје во сите државни објекти на Косово, во и надвор од земјата.

Албанија рано утрово ја погодија серија земјотреси во кои, според последните официјални информации, објавени нешто пред 18 часот, загинаа најмалку 19 лица, а причинети се и големи материјални штети, нарочито во приморскиот град Драч и местото Тумане, како и во околните населени места.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана