Дел Понте: Време е СБ на ОН да се обрати до МКС за конфликтот во Сирија

Од:

Поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте изјави дека е крајно време Советот за безбедност на ОН да се обрати до Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради конфликтот во Сирија.

Дел Понте е член на независниот тим, кој е формиран од ОН за истражување на тврдењата за воени злосторства во Сирија и е предводен од Бразилецот Пауло Пињеро.

– Ние имаме задача да утврдиме каква е одговорноста на високите политички и воени лица, кои се осомничени за извршување воени злосторства во Сирија. Време е да му отстапиме место на судството, а ние предлагаме тоа да биде МКС, истакна Дел Понте на прес-конференција во Женева откако беше објавен извештајот на независната комисија.

Во документот на независните истражители се наведува дека конфликтот во Сирија ќе остави свој белег како врз идните поколенија во земјата, така и врз целиот Блиски Исток.

Истражителите на ОН денеска соопштија дека ги идентификувале Сиријците на „раководни позиции“, кои би можеле да бидат одговорни за извршени воени злосторства.

И владините сили и вооружените бунтовници вршат воени злосторства, вклучувајќи убивање и малтретирање, како и ширење терор меѓу цивилите, во судирот кој трае речиси две години, тврдат истражителите на ОН.

Најновиот извештај, со кој е опфатен периодот од шест месеци до средината на минатиот месец, е заснован на 445 разговори извршени во странство со жртви и очевидци, бидејќи не им било дозволено да дојдат во Сирија.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска