Дејвид Камерон: Постојат докази за употреба на хемиско оружје во Сирија

Од:

Постојат „ограничени, но се поголеми“ докази дека токму сириската армија користела хемиско оружје во борбите со бунтовниците, изјави денеска во Лондон британскиот премиер Дејвид Камерон.

– Станува збор за исклучително сериозен случај. Ова е воено злосторство, рече британскиот премиер.

Предупредувањето на Камерон доаѓа по вчерашното соопштение на Белата Куќа дека американските разузнавачки агенции со „недоволен степен на сигурност“ веруваат Сирија употребила нервен гас сарин.

Американците тврдат дека саринот бил употребен во сосема мали количества, но не откриваат кога и каде бил употребен.

Велика Британија е голем заговорник за доставувањето оружје на сириските бунтовнци, а ја поддржува и идејата за воена интервенција со цел да им се помогне на силите кои се борат за соборување на власта на претседателот Башир ал Асад. Британскиот премиер смета дека користењето на хемиско оружје (од страна на сириската армија) е „црвената линија“ за можна странска интервенција.

Претседателот на САД, Барак Обама, меѓутоа, не сака војна со Сирија, ниту испраќање американски војнци. Според Обама, една таква интервенција би била премногукомплексна, премногутешка и целосно неизвесна.

Велика Британија прва објави дека во военети судири во Сирија е користено хемиско оружје, тврдејќи дека британското разузнавање тајно прошверцувало почва од околината на Алепо во која наводно се најдени остатоци на хемиско оружје.

Официјален Дамаск, претходно, соопшти дека бунтовничките сили во борбите околу Алепо користеле хемиско оружје во мали количества.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски