Децата заразени со сида ќе имаат поевтин лек

Од:

Децата во земјите во развој, позитивни на ХИВ, ќе имаат пристап до лек кој е специјално приспособен за нив и е дури четири пати поевтин, соопшти денеска Јунитејд по повод Светскиот ден на ХИВ / СИДА.

„Станува збор за лек што се раствора во устата и има вкус на јагода, а во првата половина на 2021 година најпрво ќе биде дистрибуиран во шест африкански земји: Бенин, Кенија, Малави, Нигерија, Уганда и Зимбабве“, се додава во соопштението на светската организација која е задолжена за набавка на лекови за сиромашните и се стреми за намалување на цената на лековите потребни во процесот на лекување на СИДА, туберкулоза и маларија.

Цената на новата верзија на антивирусниот лек Долутегравир (ДТГ), специјално прилагоден за деца, по договорот со производителите на генерички лекови „Виатрис“ и „Меклеодс“, ќе биде 120 долари годишно, наместо сегашните 480 американски долари, изјави Херве Верхусел, портпарол на организацијата што работи во партнерство со Светската здравствена организација (СЗО).

Околу 1,7 милиони деца во светот се серопозитивни, но само половина од нив добиваат соодветна терапија. Околу 100.000 деца годишно умираат од ХИВ / СИДА низ светот.

Би можело да ве интересира

Невладините бараат 131 милион денари за програмата за ХИВ за 2025, предвидени се само 90

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска