Де Мистура денеска во Дамаск ќе се сретне со шефот на сириската дипломатија

Од:

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, кој пристигна во еднодневна посета на Дамаск, денеска ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Сирија, за британските медиуми изјави неименуван сириски претставник.

Американските медиуми наведуваат дека Де Мистура со сириските официјални претставнициќе разговара за последниот развој на настаните во оваа со војна разорена земја и неговите напори до крајот на месецот да дојде до обнова на мировните преговори во Женева.

Претходно овој месец, по само два дена преговори пропаднаа индиректните мировни преговори во Женева меѓу претставникот на сириската Влада и опозиција, најмногу заради офанзивата на владините сили во Алепо.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град