Де Мезиер: Соработката на Германија со САД и Велика Британија е одлична

Од:

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави денеска дека германската соработка во областа на безбедноста со САД е одлична, додека заедничките интереси со Велика Британија подразибраат дека излегувањето на земјата од Европската унија би требало да има минимално влијание врз безбедносната соработка.

– Можам само да кажам дека транс-атлантската соработка, особено во областа на безбедноста, е со најголемо значење во нашата земја. Убеден сум дека проблеми во соработката за безбедносните прашања при преговорите за Брегзит нема да има. Многу нешта не обединуваат, нагласи Де Мезиер.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја шокираше јавноста во Вашингтон и Лондон со изјавата дека Европа мора да ја преземе судбината во „свои раце“, алудирајќи на тоа дека САД под водство на американскиот претседател Доналд Трамп и Велика Британија по одлуката за Брегзит, не се веќе сигурни партнери.

Би можело да ве интересира

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски