Дамаск ги критикува ОН

Од:

Сириското министерство за надворешни работи денеска го критикуваше извештајот на ОН во кое се наведува дека насилството во Сирија е секташко.

Министерството соопшти дека станува збор за “недостаток на професионализам” во изготвувањето на документот.

Единствената секташка димензија на конфликтот е странската поддршка на “вооружените групи”, објави државната новинска агенција САНА.

Комисијата на ОН за истрага за Сирија основана во август 2011 година. се уште не добила дозвола за влез во земјата, и покрај фактот дека министерството истакна “подготвеност” да работи со странски иследници.

Одговарајќи на заклучокот на ОН дека “цели” заедници се изложени на ризик од граѓанската војна, министерството укажа на историската коегзистенција на различните етнички и религиозни групи во Сирија, наведувајќи дека режимот се бори против “терористичките групи кои се финансираат од странство”, цитираше АФП.

Дамаск истакнува дека е шокантно што Комисијата “не ги истражува фатвите на странските екстремисти кои повикуваат на напади врз различните заедници во Сирија.”

Официјални претставници на режимот на претседателот Башар ал-Асад и државните медиуми веќе долго време ги означија активистите и вооружените бунтовници како непријатели или “терористи” кои добиваат пари од Катар и Саудиска Арабија или Турција и Западот.

Извештајот на ОН всушност укажува на зајакнување на исламистичките вооружени групи кои дејствуваат независно од бунтовничката Слободна Сириска армија. Според податоците на Светската организација во конфликтот кој трае веќе 21 месеци, досега загинаа 60.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град