Дали уривањето на малезискиот авион ќе предизвика реакција и нови жртви?

Од:

Во анализата по повод уривањето на авионот „МХ17“ британски „Телеграф“ потсетува што се случи во 1988 година, кога брод на американската воена морнарица во Персискиот залив урна ирански патнички авион, кој беше на рутински лет кон Дубаи.

Летот „655“ на Иран Ер беше урнат над Персискиот залив на 3-ти јули 1988 година. Американската страна тогаш тврдеше дека пилотот го пренасочил нормалниот курс и ги игнорирал преупредувањата на радарите.

Загинаа сите 290 патници и членови на екипажот, а меѓу нив имаше 66 деца и 38 лица кои што не беа ирански државјани.

Сето тоа предизвика меѓународен инцидент и создавање голема нетрпеливост на Иран кон САД. Иран уривањето на патничкиот авион го нарече „варварски масакр“, а САД порачаа дека ќе „ја одмаздат крвта“. Како што пишува „Телеграф“ одмаздата се случи бргу и имаше застрашувачки последици.

Само половина година подоцна терористи подметнаа бомба во Џамбо Џет. Авионот експлодираше над Локерби, а загинаа 270 лица. За бомбашкиот напад беше осуден либијски агент, но се шпекулираше дека нападот е план на Иран, како одмазда за катастрофата која што САД им ја приредиле шест месеци претходно.

Тоа не беше прв патнички авион да биде урнат. Во септември 1983 година летот „КАЛ 007“ на Кореан Ерлајнс прелетал над Камчатка. Пилотот не бил свесен дека го привлекол вниманието на советските радари и борбени авион, бидејќи го прелетал подрачјето со воени руски бази.

Тој бил далеку од планираниот курс, а како што покажа подоцна истрагата, тоа се случило поради дефект на навигациската опрема. Советските борбени авиони безуспешно се обиделе да контактираат со авионот, а со оглед на тоа што била ноќ не воочиле дека се работи за патнички авион, бидејќи „Боингот 747“ личи на авион, кој американската војска често го користела за надзор на источниот брег на Русија. Поради тие причини еден од борбените авиони со ракета го урнал корејскиот патнички авион, во кој имало 269 лица.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски