Дали треба на криминалците да им дозволиме вградување на корективни мозочни импланти?

Од:

Попјулар сајанс – Њујорк

Во „Пеколниот портокал“, нараторот, Алекс признава сериозни злосторства. Во затворот на Алекс му понудиле програма за модификација на однесувањето во замена за скратување на казната. Овој третман му ја одзема на Алекс способноста самиот да донесува одлуки – неговата насилна природа му е отстранета.

Во текст објавен неделава во Мадерборд, писателот Золтан Иштван креира случај со слична технологија: мозочен имплант кој ќе ги претвори и најсуровите криминалци во примерни челенови на заедницата, рехабилитирани на начин како никогаш претходно.

– По се изгледа дека за две децении ќе имаме импланти во мозочната кора која ќе испраќа сигнали до нашиот мозок кој манипулира со нашето однесување. Тие импланти ќе можат да контролираат темпераменти кои се надвор од контрола, и насилни дејствија – можеби дури и непримерни мисли. Овој вид на технологии отвараат очигледни прашања: наместо да убиеме некого кој извршил ужасно злосторство, дали наместо тоа да му го замениме мозокот и начинот на кој тој функционира, и да ги направиме подобри личности?

Тој тврди дека таа технологија ни е на прагот – илјадници луѓе користат импланти за третман на глувост, епилепсија или Алцхајмерова болест. Се смета дека некои нови форми можат да го променат расположението. А со милиони владини долари дадени за истражувања на мозокот, овој вид на импланти можеби е и тука на чекор од нас. Тој продолжува: „Некои луѓе можеби ќе се пожалат дека имплантите се престроги и премногу екстремни. Но слични производи – посебно во менување то на умовите на криминалците за тие подбро да се вклопат во општествените цели – можат да се остварат со генетички инженеринг, со нанотехнологиите, па дури и со супер дроги (лекови). Всушност, на многу криминалци веќе им се даваат силни лекови кои ги прават сосема поинакви отколку што би биле тие без нив. На крајот, некои луѓе – меѓу кои сум и јас – сметат дека насилното злосторство е една верзија на ментална болест“.

Му се јавив на експерт – Аманда Пустилник, професор на правната школа на Универзитетот во Мериленд и предавач за право и невронауки на Правната школа на Харвард. Нејзниот одговор? „Сторијата е шпекулативна и интересна, но тука многу нешта се погрешни“, рече таа.

– Прво, Иштван погрешно ја разбрал целта на смртната казна. Ако сакаме да го контролираме однесувањето на луѓето, тогаш само ќе ги држиме зад решетки; смртната казна постои како највисока казна за оние кои направиле нешто далеку повеќе од социјалните граници, и затоа не смее да им биде простено. Тука не се работи за нешто практично, вели Пустилник. „Тоа е нешто емоционално, кога општеството бара нешто за озмазда. Идејата дека мозочните импланти можат да го контролираат однесувањето не ја допира поентата. Веќе постојат луѓе кои ги контролираме“, рече Пустилник. За неа, мозочните импланти не претставуваат можна алтернатива за сртната казна, и тоа нема да ги задоволи нејзините поддржувачи. Има исто така мноштво прагматичи проблеми во врска со мозочните импланти за криминалците. Едниот е дека технологиите не се нималку блиску до толкав напредок како што тврди Иштван. „За две децнии можеби ќе имаме нешто што е подобро од тоа што сега можеме да си го замислиме – ама забавно е да шпекулираме. И можеби ако тие направи функционираат на начин како што се хипотезите во текстот, ќе се сменат и социјалните норми во врска со казните и тие нема да бидат толку одмазнички“, вели таа. Но на основа на информации кои сега можеме да ги добиеме, „многу е далеку од било што со кое може да се контролира однеувањето“.

Дури и ако веќе имаме готови направи за менување на личноста, нивното имплантирање ќе биде етичко и правно минско поле. Затоа што затвореникот засега не може да се согласи за таквата процедура, барем од правна перспектива. „Дури и ако затвореникот доброволно се согласи, тоа е крајно сомнително затоа што тоа не значи дека е тој целосно информиран или слободно се согласил. Ако затвореникот избере да прифати мозочен имплант заедно со придружните ризици и уништувањето на неговото физичко и психичко јас – или да избере да го помине остатокот од животот во затвор, тоа е соеема различен избор од кој е сосема неможно да се добие солгасност со слободна воља“, вели Пустилник. Лекарите и хирурзите имаат врзани раце со сегашните американски закони за свесност од целосна информираност, и тоа ќе биде пречка за изведување на таква процедура затоа што тоа ќе ја намали когнитивна слобода на затвореникот, заштитена со Првиот, Четвртиот и Петтиот амандман.

„Криминалците не се невролошки различни од иас останатите“

Пустилник исто така не се согласува за природата на оние кои извршиле злостроство.„Криминалците не се невролошки различни од нас останатите – тие се производ на околината и можностите“, рече таа. Можеби еден во милион криминалци се патолошки насилни, вели таа, и тие најверојатно треба да бидат затворени или да добијат некој вид технолошка интервенција за да можат да бидат контролирани“. Но просечниот криминалец кој пушел малку тревка или украл атомобил, или пак џепарел или никогаш дома немал добар пример за добро однесување па затоа некому му удрил бокс в лице, на повеќето такви не им треба мозочен имплант. Тие не се тие – тие се ние“.

Па можеби мозчниот имплант и не е одговор на денешните проблеми со криминалната правда. За Пустилник, најдобриот начин да се искорстат технологиите за да им се помогне на криминалците е подобрата употреба на она што го имаме денес – да се најде подобар начин да се постават камери на телото или џи-пи-ес бразлетни на глуждовите (заедно со количината на податоци кои притоа се прават), и тоа може да биде голем придонес за спроведување на правдата. Или, додава таа, владата може да помогне во обезбедување на неодамна ослободените осуденици со подрршка да си најдат домови или услуги за ментално здравје. Таа вели дека тоа може да оди паралелно со сопирање криминалците повторно да му се вратат на криминалот.

– Во врска со неуронауката постои толку секси привлечност и тоа и мене ми се допаѓа, но тоа понекогаш не оддалечува од полссните, поефтините или поефикасните нешта кои можеме поефикасно да ги изведеме, и сега и во иднина“, рече Пустилник.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ