Дали останаа незагадени места на планетава?

Од:

Некаде пред меѓу 1,8 милиони и 12 илјади години, нашите предци ја усовршиле вештината на одржување на огнот. Антрополозите често го наведуваат овој момент како искра која вистински ни озвоможила да станеме луѓе, ни го дало значењето на готвењето, да се грееме и да коваме оружја. Но, огнот означил и друга значајна карактеристика за нас: откривање на загадувањето направено од човекот.

Според својата дефиниција, загадувањето е нешто вметнато во околината кое и наштетува. Иако природата понекогаш самата создава свои штетни загадувачи – горењето на шумите создава огромни количини чад и пепел, вулканите исфрлаат отровни гасоци – луѓето се одговорни за најголемиот и лавовски дел од загадувањето кое денес ја зафати планетата.

Каде и да одиме, изгледа со себе ја носиме и финтата зад нас да оставаме отпадоци и смет. Посетете ја и најодалечената точка на Земјата и ќе бидете сведок од прва рака. Исечени автомобилски гуми и пластични шишиња се расфрлани по бескрајната територија на пустината Гоби; пластични кеси пловат по струите насред Пацификот; и искористени конзерви од спрејови и отпадоци од канализации се црнеат по снеговите на Монт Еверест.

Сепак, светот е големо место. Можно е некаде да постои некоја точка незафатена од нашето загадување. Најефикасен одговор на ова прашање ќе добиеме ако ја поделиме животната средина на четири елементи – небото, почвата, слатката вода и океаните.

Небото и почвата

Загадувањето на воздухот доаѓа во неколку форми. Смогот е воглавно составен од отпадни честички и озон – гасот во стаклена градина кој се формира кога нитроген оксидот и штетните органски состојки ослободени од автомобилите и индустриите заедно реагираат во присуство на сончевата светлина. А нејзиното влијание врз човековото здравје и околината може да биде опасно. Само во Индија, загаденоста на озонот прави штети врз посевите од 1,2 милијарди долари годишно. Во смисол на човековото здравје, загаденоста на воздухот чини околу еден милион човечки животи годишно, додека загаденоста на воздухот во домовите – вообичаено како продукт од огновите кои се палат за готвење и греење – годишно убива околу два милиони луѓе.

Загадување 2

Кога јаглерод диоксидот, нитроген оксидот и другите главни загадувачи (оние кои директно се исфрлаат во атмосферата) ќе дојдат високо во атмосферата, тие често се трансформираат преку хемиски реакции во она што научниците го нарекуваат секундарни загадувачи. Некои од овие загадувачи можат да опстојат со месеци. Други, како што е метанот, се помалку реактивни и можат да кружат околу земјата со години се додека на крај не се спуштат надолу или да дојдат до почвата преку снегот или дождовите. Како што потенцира Хелен АпСимсон, професорка по студии за загадување на воздухот на Империјал колеџот во Лондон, ова „не мора да значи дека сте далеку од загадениот воздух со тоа што сте далеку од изворот“.

Загадувањето исфрлено во воздухот се пренесува на огромни далечини преку ветрови и атмосферски струи. – Она што често го гледаме е дека загадувањето започнува на едно место, но завршува на некое сосема одалечено место, вели Дејвид Едвардс, директор во Земјената системска лабораторија при Националниот центар за атмосферски истражувања во Боулдер, Колорадо.

На пример, Малезија неодамна со палење расчистуваше големи површини со шуми за да направи нови земјишта за садење – а Сингапур сега се соочува со големи проблеми од магла заради соседовите тенденции да сече и пали. Но, загадувањата со чад можат да одат дури и подалеку од тоа: огновите кои ги палат фармерите во Јужна Америка и јужна Африка, се голем извор на загадување на воздухот на целата јужна хемисфера. Едвардс вели дека „понекогаш задагувањето направено од еден регион може да ја обиколи Земјата повеќе од еднаш“.

Па на основа на тоа што го знаеме за атмосферските струи и проширувањето на загадувањето, со сигурност може да се каже дека на планетава не постои место кое е гарантирано целосно чисто од загадувањето на воздухот. Истото се однесува и на површината на почвата.

Но, тоа значи дека постојат и места каде воздухот е почист. Воглавно, воздухот над на јужната хемисфера е подобар од тој на северната, само заради фактот дека таму живеат помалку луѓе. Кога загадувањето се движи околу целииот свет, постои помала веројатност за мешање на воздухот помеѓу хемисферите заради шаблоните на дување на ветровите. Оттука, Јужниот пол најверојатно има најчист воздух на Земјата заради својата одалеченост.

Но, како што напоменува АпСимон, се уште постои огромна дупка предизвикана од загадувањето во озонскиот слој над Антарктикот, и остатоци од црн јаглен можат јасно да се забележат на снегот на тој континент. Па дури и кога изгледа дека воздухот таму е најчист, не значи дека е и совршено чист.

И длабоките јами можат да содржат релативно чист воздух, се додека во нив не влегува циркулација од надворешниот свет. – Можам да замислам дека постојат длабоки јами каде на одамна немало мешање на воздухот, вели АпСимон. – Сетете се дека не знаеме што се има во тие длабоки јами – си замислувам дека таму има многу богато ѓубриво од пештерски птици. Со други зборови, измет од лилјаци.

Вода

За несреќа, загадениот воздух исто влијае и на водата, и оттука се губат нашите надежи дека постојат базени со совршено чиста слатка вода. – Ако поширко го разгледуваме загадувањето, тогаш не постои веројаност дека некаде постои совршено чист воден базен (каптажа) каде било, која не била загадена, заради антропогеничното влијание како што е загаденоста на воздухот која навистина е раширена низ целиот свет, вели Томас Чирамба, шеф на Единицата за екоситеми за слатка вода во Програмата за животна средина при Обединетите Нации, со седиште во Најроби, Кенија.

Загадување 3

Но, иако загадувањето на воздухот се пренесува и во водата, загадувањето на водата преку почвата е главниот загадувач за ресурсите за слатката вода за пиење. Хемикалиите, ѓубривата и отпадот длабоко навлегуваат во подземните води и во езерата, потоците и реките, а често завршуваат и во океаните. Резултатот се мртви зони – огромни површини од слатка или солена вода во која нема никакв живот. Мртвите зони се појавуваат кога големи хранливи количини од почвата предизвикуваат масивни процветувања на микроби, кои потоа ја осиромашуваат водата од кислород. Вакви канали на смртта ги има низ целиот свет, но сливот на реката Мисисипи во Мексиканскот залив е можеби најнеславниот пример за тоа.

Отворените канализации и индустрискиот отпад се примарни причинители за предизвикување на хаос кај слатката вода. Во многу земји „санитацијата“ значи само отстранување на отпадот од домовите – а не и нејзин третман кога се враќа во животната средина. Според некои проценки, 80 проценти од отпадната вода која се создава во некои развиени земји се исфрла директно во локалните речни текови. Оваа бројка од случај до случај може да биде и пострашна: на пример, Њу Делхи исфрла 99 проценти од отпадната вода во реката Јамуна, додека Мексико Сити го испумпува сиот течен отпад во долината Мезквитал. – Тоа е главниот извор на загадување низ целиот свет, вели Асит Бисвас, основач на Центарот за управување со водите „Трет свет“ во Мексико, и почитуван вонреден пофесор во Училиштето за јавни политики „Ли Куан Ју“ во Сингапур. – Како резултат на тоа, реките стануваат загадени, а луѓето кои живеат долж речните текови се присилени да пијат од таа вода.

Според едно истражување на Бисвас, никој од 1,65 милијарди луѓе кои живеат во јужна Азија, нема пристап до чиста и безбедна вода за пиење од чешма; повеќе од половината реки и езера во Кина се презагадени за водата да се пие од нив; а 72 проценти во примероците земени од водоводниот систем во Пакистан е откриено дека се небезбедни за конзумирање за луѓето. Она што е лошо за луѓето е исто лошо и за животната средина. Според еден извештај, кој неодамна го објави Фондацијата за дивиот свет (ВВФ), бројот на животни кои живеат во слатка вода опаднал за 75 проценти во последните 40 години, воглавно благодарение на загадувањето.

Како и со воздухот, базените со слатка вода кои се одалечени од луѓето се можеби и најчистите. Одалечените северни реки и езера во Канада, заедно со слатката вода на Арктикот и Антарктикот, се најверојатните кандидиати за најмалку загадени водени површини. Глечерските слоеви кои се формирале пред индустриската револуција, како и подглечерските езера заробени длабоко под површината на ледената покривка, можеби се и најсовршено чистите. Езерото Восток на Антарктикот, на пример, е закопано под лед кој е 400,000 години стар. Но, овие водени базени се чисти затоа што луѓето не можат физички да дојдат до нив – освен ако не дупчат. Кога станува збор за подостапни области, одалечените делови од басенот на Конго и прашумите на Амазон можеби се најблиските кандидиати за освојување на второто место. – Онаму каде има најмалку луѓе, исто ќе најдете најчисти ресурси на слатка вода, вели Чирамба.

Океан

Дуру и океаните, кои остануваат воглавно неистражени и заземаат околу 70 проценти од површината на Земјата, не го избегнуваат досегот на нашето загадување. Денес се проценува дека 60 до 80 проценти од загадувањето на морињата потекува од почвата, во нив се влеваат води преку пристаништата, валканите плажи и загадените речни текови, кои се влеваат во морињата. Од сето загадување, пластиката е најопасна. Затоа што на повеќето видови пластика им требаат векови – можеби и повеќе – целосно да се разградат. Од друга страна, хартијата брзо се разградува, а ниту стаклото не е онакво какво што некогаш било.

Изненадува тоа што некои најодалечени места во океаните се исто и меѓу најзагадените, благодарените на морските струи. На пример, атолот Мидвеј, расфрлени карпести изданоци насред северниот Пацифик, е ненаселен рај на кој одвреме навреме доаѓаат научници на неколку недели. Но, тој е покриен со купишта отпад исфрлен од водата, кој често фатално доаѓа до дигестивниот систем на морските птици кои живеат таму.

Од друга страна, длабоките мориња за кои некогаш се сметаше дека се отсечени од човечкиот свет, што повеќе ги истражуваме, се повеќе дознаваме дека и не е така. – Многу работев на дното на океаните со подморници и далечински управувани возила, и таму насекаде има човечки отпад, вели Лиза Левин, биолог океанограф во Скрипс Институтот за океанографија во Сан Диего, Калифорнија.

– Запрепастува фактот што луѓето станаа составен дел до морските екосистеми. На длабокото дно во морињата, најзабележливи елементи од загадувањето се конзерви и шишиња, но и отфрлена рибарска опрема, јажиња, метални предмети, воена миниција, па дури и стари чевли кои редовно таму можат да се најдат. Разноликоста на отпадот го одразува фактот дека исторски „луѓето го користат океанот како депонија, вели Левин.

Загадување 4

Покрај сето она што можеме да го видиме, најверојатно уште повеќе отпад е закопан под седиментите, додава таа, додека другите форми на загадување не можат да се забележат со голо око, како што е микропластиката – стари шишиња и кеси кои се распаднале во многу мали честички. – Овие мали пластични честички го преплавуваат океанот и „можеби дури е и незвоможно да се исчистат, вели Џени Брендон, дипломец по биолошка океанографија во Скрипс Институтот, која се специјализирала за големите депонии во Пацификот.- „Многу луѓе мислат дека овие честички можат засекогаш и насекаде да останат.

Но, загадувањето со пластика не е единственото загадување на океаните од човекот. Нафтените дамки редовно се појавуваат низ целиот свет, дури и кога голем дел од нив не успеваат да бидат забележани од западните медиуми. Трајните хемикалии, како што се полихронираните бифенили (ПЦБ), исто доаѓаат во водата преку почвата и потоа доспеваат до морскиот ланец на исхрана.

И не сето морско загадување е физичко. Загадувањето со бучава кое го предизвкуваат бродските мотори и сонарите, стануваат се поголем проблем кој е најголем предизвикувач на смртноста кај китовите, делфините и лигњите. – Има некои места каде што нема фиизички отпад – или барем ние не сме пронашле физички отпад, вели Брендон. – Но тешко дека било каде можеме да најдеме место каде што нема човечко влијание.

Некои ефекти од влијанието на човекот врз морскиот живот може и сосема да биде неочекувани. Во 2007, на пример, некои амфибии (мали ракчиња) собрани од водата на 11 километри под површината на Пацификот, излезе дека во нивните црева има ДНК од крава. – Како стигнале кравите во каналот Кремади?, прашува Левин. – Сигурна сум дека некој брод исфрлил голем отпад.

Ако хамбургер за ручек може или и не мора да им наштети на овие длабокоморски суштества, тоа покажува колку длабоко достигнува нашето влијание врз планетава. Дали нашите загадувачи добиваат форма на фрлен ручек, човечки секрет или милиони метрички тони од загадувачи исфрлени од авионите, остануваме со нерадосен но јасен одговор: можеби не постои место на Земјава кое не е загадено. Со други зборови, како што вели Бисвас: „Ние луѓето направивме фантастична работа со загадувањето на животната средина околу нас“.

Би-Би-Си – Лондон

 

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска