Циклонот „Џек“ привремемно ја прекина потрагата по исчезнатиот малезиски авион

Од:

Потрагата од воздух по малезискиот „Боинг 777“, што на 8 март исчезна со 239 патници и членови на екипажот, привремено е прекината заради тропски циклон, иако 10 воени авиони веќе полетале во правец на областа што се пребарува.

– Планираните воздушни активности за денеска се откажани заради лошите временски услови во  областа во која се одвива потрагата, односно заради тропскиот циклон Џек“, соопшти  Здружениот координативен центар, додавајќи дека 10 бродови во оваа зона ќе продолжат со работата.

Утврдено е дека заради временските услови брановите се големи, а видливоста е слаба и дека заради тоа потрагата би била неефикасна, па дири и опасна, се додава во соопштението.

jack-threat1

Австралија ја предводи потрагата по авионот што исчезна на помалку од еден час по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг и за кој се верува дека се урнал во Индиски Океан.

Се уште не се пронајдени никакви остатоци од авионот, а надлежните тврдат дека најдобрата трага што досега ја имаат се сигналите од локаторот на црната кутија.

jack-threat

Австралија испрати подморница да го пребарува Океанот на длабочина од 4.500 метри во близина на местото од кое дојдоа сигналите. Меѓутоа австралискиот премиер Тони Ебот минатата недела изјави дека подморницата ќе учествува во пребарувањето само околу една недела, а по пребараните две третини од маркираната зона немаше никакви резултати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он