На една новозеландска плажа посетителите останаа зачудени кога видоа скелет од девет метри долго морско животно, кое водата го исфрлила на копното.
Животното го сними Елизабет Ен, а видео снимката ја постави на ЈуТјуб. Авторката на видеото побара од посетителите на својот канал да се обидат да откријат за какво суштество станува збор.
Освен што е долго девет метри, животното има и големи заби, а се гледаат остатоци и од големи перки. „Хафингтон пост“ пишува дека се појавиле серија теории за секакви изумрени животни, крокодили и џиновски јагули.
Од друга страна, експертот за подводниот свет Антон ван Хелден вели дека најверојатно станува збор за полураспаднат скелет на кит убиец.