Членките на СБ разговараа зад затворени врати

Од:

Претставници на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, Англија, Кина, Франција, Русија и САД, зад затворени врати во Њујорк, разговараа за Сирија.

-Сите ги изнесоа своите ставови, но немаше преговори, рече анонимен дипломат на ОН, по разговорот кој што се одржа во среда во мисија на Русија при ОН, пренесе „Франс прес“.

Франција, Велика Британија и САД, се залагаат за резолуција на Советот за безбедност, со кој се предлагаат казнени мерки, доколку Дамаск одбие да го предаде забранетото хемиско оружје.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека е неприфатливо 15-член Совет да донесе резолуција со која вината за напад на Дамаск му се припишува на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Состанокот на Советот за безбедност кој што беше закажан за вторник, во последен момент на барање на Москва, е откажан.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска