Полициските служби на 33 земји-членки на Интерпол веќе разменуваат информации за странци, кои ги посетуваат Сирија или Ирак со цел џихад. Тоа беше една од клучните теми на 83-то годишно собрание на организацијата, што заврши денеска во Монако.
Иницијативата за размена на информации за странски борци, започна во 2013 година.
Сите 190 членки на Интерпол, имаат пристап до тие информации, дури и ако не се дел од иницијативата. Веќе биле разменети 820 имиња.
Лицата, осомничени за радикализам, се наоѓаат на „црвениот список“ на Интерпол, објава за потрага низ целиот свет, така што полицијата може лесно да ги апси, кога ќе ги преминуваат границите.