Во наредната декада најмалку 26 отсто од најбогатите жители на Малезија ќе ја напуштат државата и ќе го сменат државјанството, објавува денешниот Њу Стрејт Тајмс од Куала Лумпур. Во Малезија во групата најбогати лани се регистрирани 993 лица. Тие имаат 30 и повеќе милиони долари лични средства, заработени во Малезија.
Аналитичарите од истражувачкиот центар Азија глоб сметаат дека покрај желбата да се смени средината, голем дел од најбогатите размислуваат за заминување од Малезија затоа што таа држава веќе не е „ ветена земја’’ за бизнис и благосостојба. Во последниве пет години бројката на тие што имале, а веќе немаат богатство од над 30 милиони долари е смалена за 175 лица.
Малезија често ја напуштаат и „ обичните ’’ граѓани. Официјално, од 2.010 година наваму откажување од малезиско државјанство побарале и добиле 54.406 дотогашни жители.