Четврта година не е доделена наградата „Мо Ибрахим“

Од:

Највредната индивидуална награда во светот од пет милиони долари на Фондацијата „Мо Ибрахим“ за најуспешен лидер во Африка не е доделена по четврти пат, јави Би-Би-Си.

До сега три лица ја добија оваа вредна награда, за седум години, колку што таа се доделува, на лидерот кој ќе биде прогласен за најуспешен во управувањето со некоја африканска земја, кој успеал да го подигне животниот стандард и мирно ја напуштил таа државна функција.

И оваа година, четврта по ред во изминатите пет немаше годишен лауерат за наградата.

Докторот Мохамед Мо Ибрахим е суданско-британски претприемач во мобилната телефонија и милијардер, кој работел во неколку телекомуникациски компании пред основање на „Цетел“.

Компанијата „Мо Ибрахим“ имаше над 24 милиони претплатници на мобилната телефонија во 14 африкански земји, пред тој да ја продадел „Целтел“ во 2005 година за 3,4 милијарди долари. Потоа Ибрахим ја основаше Фондацијата за поттикнување на подобро државно управување во Африка.

До сега наградата „Мо Ибрахим“ ја добија Педро Пирес од државата Кејп Верде, Фестус Могае од Боцвана и Јоаким Чисано од Мозамбик.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска