Четворица загинати при судар на два мали авиони во Унгарија

Од:

Четири лица загинаа денеска при судар на два мали авиони близу унгарскиот град Годоло, на 30 километри источно од Будимпешта.

Инцидентот се случи за време на последниот ден на еден минтинг на скокови со падобрани, кога авион, кој се враќал во базата од како сите падобранци успешно скокнале од него, се судрил со друго летало во кое имало три лица.

Според порттпаролот на унгарските воздухопловни власти, Ерика Бајко, сударот се случил околу 600 метри височина.

При несреќата загинале пилотот на едниот авион и трите лица што се наоѓале во другото летало.

Причините за сударот засега не се познати.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон