Четворица планинари загинаа во снежна лавина во Шкотска

Од:

Четворица планинари загинаа во снежна лавина во шкотските планини, соопшти полицијата.

Групата составена од тројца мажи и три жени, се наоѓала во Гленко, една од најпознатите клисури во Шкотска. кога одрон на снег, повлекол пет од нив. Еден е спасен и хоспитализиран со сериозни повреди.

skotska-01

Шестиот алпинист успеал да ја избегне несреќата и повикал помош, соопшти полицијата.

Член на планинската спасувачка служба Џон Гриви, рече дека мртвите планинари се пронајдени со бодење на стап во снегот на длабочина од околу три метри.

Шкотска, како и поголемиот дел од Велика Британија, во последните неколку дена ги зафатија обилни снежни врнежи и силни ветрови.

Би можело да ве интересира

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени