Четворица Јужноафриканци се обвинети за канибализам и изведени пред суд во градот Есткорт, околу 170 километри западно од Дурбан, јавуваат медиумите во оваа земја.
Случајот бил откриен откако еден од обвинетите се пријавил во полиција и признал дека „му здосадило да јаде човечко месо“.
Подоцна на увид на полицијата и донел делови од човечка нога и рака.
Полицијата веднаш го уапсила и извршила претрес на неговата куќа, во областа Квазулу- Натал, каде биле откриени уште остатоци од разни делови на човечко тело.
Четворицата уапсени, од кои двајца се пријавиле дека работат како исцелители во областа каде живеат, биле обвинети за убиство и за подготвување убиство.
Сите се млади луге, на возраст меѓу 22 и 32 години, и за нив се тврди дека биле припадници на една локална криминална банда.
Полицијата соопшти дека, иако обвинетите се сослушани во судот, истрагата не е затворена.
Властите од локалното население побарале да пријават дали некој нивни близок или познаник извесно време се нема појавено, па се сомневаат дек е исчезнат, за да се утврди дали некој од тие луѓе биле жртва на канибализам
Екипа форензичари веке настојува да утврди чии се остатоците од човечкото месо, најдени кај уапсените канибали.
Јужноафриканските медиуми пишуваат дека пред еден месец во Дурбан, кој е најголем град во областа, бил уапсен човек кај кого во ранец била најдена човечка глава.Полицијата верува дека се обидувал да ја продаде на некои од традиционалните исцелители.