Четворица Италијанци му се заканувале на министерот за здравство дека ќе го убијат

Од:

Италијанската полиција отвори истрага против четири лица осомничени дека му се заканувале со смрт на министерот за здравство, Роберт Сперанца, заради неговиот тврд став кон почитувањето на мерките за сузбивање на коронавирусот.

Полицијата заплени компјутери и други уреди кои осомничените наводно ги користеле за да ги испраќаат смртните закани и навредливи пораки до Сперанца и членовите на неговото семејство.

Директните закани со смрт биле испраќани од сервер од странство од октомври до јануари, соопшти полицијата.

Заради упатените „вознемирувачки закани“ отворена е истрага против четворица осомничени, кои се од различни градови и се на возраст меѓу 35 и 55 години.

Сперанца припаѓа на делот на владата што заговара строги ограничувања во борбата против коронавирусот. Во анкетите за време на пандемијата, тој добиваше одлични оценки од граѓаните и е еден од ретките министри што ја задржа функцијата во новата влада на Марио Драги, по распадот на владејачката коалиција на поранешниот премиер Џузепе Конте.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим