Четири лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Сирија

Од:

Најмалку четири лица загинаа при експлозија на автомобил-бомба во близина на пазар во сирискиот град Африн, контролиран од опозициските сили поддржани од Турција, соопштија спасувачките служби и меѓународни набљудувачи.

Цивилната заштита соопшти дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми.

Сирискиот центар за мониторинг на човекови права, со седиште во Велика Британија, објави дека во нападот загинале шест лица, додека 12 се повредени, меѓу кои две деца.

Експлозијата се случила во центарот на Африн во провинцијата Алепо, недалеку од седиштето на вооружените групи.

Турција и сојузничките сириски сили го зазедоа Африн во 2018 година во операција кога беа протерани локалните курдски борци, кои Турција ги смета за терористи, како и раселени илјадници курдски жители.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град