Чешката армија и полиција вежба на границата со Австрија

Од:

Чешката полиција и Армијата денеска во 6.45 почна заеднички вежби, во случај да има потреба од враќање на контролата на границата со Австрија, изјави шефот на полицијата Томаш Тухи.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, во операцијата ќе учествуваат 500 полицајци и 300 војници и не се очекува отежнување на сообраќајот.

Вежбата се состои во обид за заштита на границата во случај на зголемување на миграцискиот бран.

Според претпоставено сценарио, главна рута на бегалците би била чешката територија и локалната полиција и Армија со воената вежба ќе провери дали тие се подготвени за евентуално повторно воведување на граничните контроли.

Полицајците и војниците ќе бидат распоредени на четири места во близина на границата, каде ќе добијат инструкции за тоа како да се однесуваат при контролите, а подоцна ќе бидат префрлени директно на граничните премини.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче