Чешка зафатена од топол бран

Од:

Според метеоролозите, ноќеска Чешка преживеала тропска ноќ и денешниот ден се очекува да биде најтопол ден во годината со температури над 40. степен, јави дописникот на МИА од Прага.

– Ноќта беше тропска, што значи дека температурата на воздухот на две метри над земја на многу места не изнесуваше под 20 степени Целзиусови, вели портпаролот на Чешкиот хидрометеоролошки завод (ЧХУ), Петр Дворжак.

Во Чешка, ретко се забележуваат тропски ноќи, обично еднаш или до петпати во годината, најчесто во низините и големите градови, во јули и август.

Според Дворжак, се очекува денеска да паднат повеќе топлотни рекорди. Досега највисока температура е измерена во еден дел на чешкиот главен град и тоа на 27 јули 1983 година, кога се измерени 40,2 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски