Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Од:

Постојано пристигнуваат нови детали за масакрот во Прага. Да потсетиме, 17 лица беа убиени во центарот на Прага. Меѓу нив е и напаѓачот.

Подоцна беше откриено дека напаѓачот го убил својот татко денеска во село во близина на Прага, а оттаму тргнал кон чешкиот главен град.

Сега доаѓаат нови информации. Началникот на полицијата Мартин Вондрашек вечерва изјави дека, според достапните информации, напаѓачот е одговорен и за уште две убиства.

„Работиме со верзијата дека напаѓачот очигледно е одговорен и за убиствата во Клановице“, рече началникот на полицијата, додавајќи дека жртвите ги избрал по случаен избор.

Пред шест дена непознат напаѓач застрелал возрасен и дете во шума, а според медиумите жртви биле триесет и двегодишен маж и неговата двомесечна ќерка.

Како што изгледа, соопшти полицијата, убиецот во тој случај е напаѓач од Прага.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Основач на платенички баталјон кој убиваше Украинци е убиен во експлозија во Москва

Горан Наумовски

42-годишен маж од Кавадарци ја задави својата партнерка

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Кумановец заработи пријава: Со остар предмет сакал да убие познаник

Вештите лица тврдат: Обвинетата Илијевска била во афективна состојба, но афектот не ги надминал физиолошките граници и немал патолошка димензија