Чешка има нови информации за исчезнатите Чеси во Либан

Од:

Чешките власти имаат нови информации за петмината исчезнати Чеси во Либан, кои ги проверуваме, изјави чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек по состанокот на кризниот штаб формиран по тој повод.

Не давајќи попрецизни информации, како што јави дописникот на МИА од Прага, Заоралек најави дека ќе отпатува во Бејрут за да разговара со тамошните политичари.

Според него, се уште е нејасно кои се причините за исчезнувањето на Чесите и дали се работи за киднапирање од криминални мотиви и поврзаност со дрога и оружје како што претпоставуваат неговите либански колеги.

Тој најави дека наскоро ќе биде објавен идентитетот на исчезнатите. Претходните информации говорат дека се работи за двајца новинари на регионална телевизија, адвокат, преведувач и маж кој имал искуство како воен разузнавач и престојувал во Авганистан.

По петмината Чеси заедно со нивниот возач локален жител, се трага од минатата сабота кога нивните лични работи беа најдени во напуштено возило во долината Бека во близина на сириската граница.

Медиумите шпекулираа дека возачот е брат на Али Фајад, Либанец кој со уште две лица е во притвор во Чешка и чека екстрадиција во САД поради обвинение за трговија со дрога и оружје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски