Чавушоглу: Околу 700 турски граѓани се борат на страната на ИД во Сирија

Од:

Од 500 до 700 турски граѓани и се придружиле на групата Исламска држава во Сирија и по нивното враќање во земјата се зголемува ризикот од напади во Турција, изјави шефот на турската дипломатија Мевљут Чавашоглу при вчерашната посета на Северен Кипар.

Тој наведе дека Турција забранила влез на нејзина територија на околу 7.250 луѓе, кои биле осомничени дека сакаат да преминат во Сирија, а 1.160 осомничени џихадисти биле протерани.

Турската исламистичко-конзервативна Влада често е обвинувана од западните сојузници дека недоволно соработува во борбата за разбивање на џихадистичките мрежи, кои минуваат преку нејзина територија.

– Анкара презеде драконски мерки за контрола на својата 900-километарска граница со Сирија. Но, можно е да се изнајде начин за преминување на границата, наведе Чавашоглу, додавакќи оти и Турција станала мета на тероризмот.

Во последните месеци Анкара беше силно критикувана поради бидејќи одби воено да се вмеша во опсадата на сирискиот курдски град Кобане, на неколку километри од нејзината граница.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град