Владата на Централноафриканската Република забрани испраќање СМС пораки во обид да ја стабилизира државата.
Премиерот Андре Нзапајке изјави дека е дадена наредба за стопирање на таа услуга откако преку неа се мобилизирале луѓе за протести и демонстрации.
Немирите во ЦАР почнаа откако бунтовници од муслиманската коалиција Селека го соборија од власт претседтаелот Франсоа Бозизе (христијанин) во март минатата година.
Околу 2.000 француски и 6.500 африкански војници се обидуваат да запрат меѓуетничко насилство во поранешната француска колонија. Според соопштенија, во немирите има илјадници убиени и околу милион раселени.