Бутефлика води на претседателските избори во Алжир

Од:

 Алжирскиот претседател Абделазис Бутефлика води на претседателските избори, покажуваат првичните резултати.

Според првичните резултати Бутефлика собрал 60 проценти од гласовите на вчерашните избори.

Официјалните резултати се уште не се објавени, но многу Алжирци очекуваат 77-годишниот Бутефлика да обезбеди четврти мандат.

Главниот опозициски кандидат за претседател Али Бенфлис се пожали од сериозни нерегуларности и рече дека нема да ги признае резултатите од изборите.

Одѕивот на избирачите бил 51,7 проценти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он