Бутефлика се обрати до Алжирците и вети промени

Од:

Претседателот на Алжир, Абделазиз Бутефлика вчера изјави дека ако на претседателските избори го добие петтиот мандат ќе спроведе политички промени што ги бараат неговите критичари и ќе распише вонредни претседателски извори на кои нема да учествува.

Бутефлика испрати пишана порака до граѓаните на Алжир во која ветува дека ако биде избран на 18 април ќе организира референдум за нов устав и ќе одговори на барањето на опозицијата за формирање на независна изборна комисија.

Исто така вети дека веднаш ќе свика „национална конференција“ со цел да се подготват нови претседателски избори и ќе го одреди датумот на нивното одржување.

– Ги слушнав барањата на демонстрантите, посебно гласот на повеќето илјади млади луѓе кои прашуваат за иднината на нашата држава, се наведува во пишаната изјава на Бутефлика.

За тоа време, повеќе стотина студенти протестираа низ улиците на Алжир поради кандидатурата на Бутефлика за петти мандат.

Протестите почнаа пред десетина дена кога Алжирците побараа 82-годишниот Бутефлика да поднесе оставка од функцијата.

Бутефлика, кој е претседател на Алжир од 1999 година, во 2013 година имаше мозочен удар и оттогаш само неколку пати се појавил во јавност, а говор нема одржано со години.

Неговите политички ривали тврдат дека нема докази оти Бутефлика е здравствено способен да ја води државата и дека тоа во негово име го прават неговите советници.

Телевизијата Ал Мајден во саботата објави дека Бутефлика е хоспитализиран во тешка здраствена состојба во Женевската универзитертска болница. Тој во бессознание бил донесен со авион во Швајцарија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он