Бунтовниците зазедоа болница во Сирија по неколкунеделна опасада

Од:

Сириските бунтовници, меѓу кои и припадници на Фронтот ал Нусра, поврзан со терористичката организација Ал Каеда, зазедоа денеска болница од владините сили, која ја држеа под контрола од крајот на април.

Фронтот ал Нусра соопшти дека владините сили ја напуштиле болницата во близина на градот Џиср ал Шугур во провинцијата Идлиб, информира Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.

Сириската Влада се уште не се огласи во врска со ова, а Центарот наведува дека бунтовниците целосно ја контролираат болницата.

Во болницата во северозападна Сирија под опсада беа околу 150 припадници на силите на режимот на Башар ал Асад и неколку десетици цивили.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град