Мишел Ѓотодиј, чија бунтовничка коалиција „Селека“ ја презеде власта во Централноафриканската Република, е избран за привремен претседател.
Ѓатодиј кој самиот се прогласи за претседател, откако неговите борци го зазедоа Банги на 24 март, беше единствен кандидат на гласањето кое се одржа на првата седница на националниот преоден совет, пренесе „Франс прес“.
Лидерот на бунтовниците кон крајот на март одреди состав на преодната влада, во која има контрола над пет министерства, вклучувајќи го и министерството за одбрана.
Тој претходно изјави дека планира да остане на власт во следните три години, колку што преостана до крајот на мандатот на претседателот Франсо Бозизе.
Тој избега од претседателската палата минатиот викенд во соседен Камерун, по што бунтовниците ги нападнаа и убија 13 –те јужноафрикански војници кои ја чуваа палатата, пренесе „Франс прес“.
Елена Георгиевска